Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, сега стручен коментатор на „Скај Спортс“, Џејми Карагер се најде на „столбот на срамот“, откако по сабоното дерби Манчестер Јунајтед-Ливерпул плукнал 14-годишно девојче.
По завршувањето на дербито Карагер в својот автомобил го напуштил стадионот, покрај него во друг автомобил бил маж со својата ќерка.
„Е Џејми, беше 2:1“, се пошегувал навивачот кога го препознал Карагер. Поранешниот фудбалер потоа плукнал во правец на седиштето каде што седело 14-годишно девојче.
„Тато тој плукна кон мене“, реколо девојчето.
Карагер потоа се извинил за своето однесување. Џејми би можел да остане и без работа поради овој непримерен гест, бидејќи „Скај Спортс“ решил да спроведе своја истрага.