Немања Видиќ, некогашниот дефанзивец на Манчетсер јунајтед, открил детали од периодот кога го носел дресот на „црвените ѓаволи“.
Видиќ диригираше со одбраната на Манчестер јунајтед девет и пол години, ги освои сите трофеи во клупскиот фудбал и стана вториот капитен, странец, во историјата на клубот.
Србинот открил како се подготвувал за дуелите со најдобрите напаѓачи во Премиер лигата.
„Јадев многу пилешко, јунешко и паста пред натпреварите кога на спротивната страна беше Дидие Дрогба, а кога играв против Серхио Агуеро јадев риба. Тоа беше вистинската храна за да ги намалам килограмите“, изјавил Видиќ.
Видиќ е дел од програмата „Фудбал за мир“, која е поддржана од Премиер лигата и министерството за надворешни работи на Велика Британија. Како дел од програмата тој се наоѓа во Индија каде ќе бидат одбрани 10 или 12 градови во кои ќе бидат организирани фудбалски случувања.