Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер е суспендиран од „Скај спортс“ откако се појави видео на кој поранешниот англиски репрезентативец плука кон девојче во автомобил од своето возило.
„’Скај’ ваквите инциденти ги сфаќа сериозно и го осудува однесувањето на Џејми. Јасно му посочивме дека е суспендиран. Очекуваме повисоки стандарди од нашите луѓе“, се вели во соопштението на „Скај“, кои му плаќаат милион фунти годишно на Карагер.
Карагер се извини за „петте секунди лудост“, кои се случило откако таткото на 14-годишното девојче му скандирал на Карагер „2:1“ по победата на Манчестер јунајтед над Ливерпул со тој резултат во големото дерби.
„Тоа беше момент на лудост, тешко е да се опише и навистина е неприфатливо однесување. Најмногу од сè ми е жал што се работи за 14-годишно девојче. Имам ќерка на таа возраст и не знам како би реагирал некој да го направи тоа на неа“, изјави Карагер.
Тој посочи дека ќе разговара и со семејството.
„Навистина ми е жал, а денеска ќе се извинам уште еднаш. Не го видов девојчето бидејќи беше потпрено. Мразам што таа беше вклучена“, додаде Карагер.