Top Sport

Пред 45 години се роди еден од најголемите тениски манијаци–Марсело Риос

На денешен ден во 1975 година е роден е ден од најконтроверзните тенисери во историјата на овој спорт. Некогашниот прв светски тениски рекет имаше блескави моменти во кариерата, но сепак ќе остане запаметен по скандалозното однесување.

Чилеанецот кој во 1998 година беше број еден на АТП ранг листата минатата година му се врати на тенисот со намера да стане најстариот тенисер кој досега настапувал.

Риос во кариерата освои 18 титули, но никогаш грен слем. Кариерата ја заврши со само 28 години, не можеше да излезе на крај со повредите.

Сепак, имал и доста мрачни епизоди во животот. Една од неговите поранешни жени ја исфрлил од автомобил сред возење, поранешниот тренер го бркал за да го прегази со џипот, се степал со таксист во Рим, а подоцна продолжил во конфликт со „карабинери“. Риос уринирал врз луѓе во паб, а бил забележан и како гол плива во хотелски базен.

Scroll to Top