Top Sport

Ново признание за Кире Лазаров – најдобар десен бек изминатата деценија

Капитенот на сениорската ракометна репрезентација на Македонија, Кире Лазаров според угледниот ракометен интернет портал „Хандбал-Планет“ е најдобриот десен бек изминатата деценија. Бројни европски ракометни тренери, легенди на овој спорт и спортски новинари учествуваа во гласањето на најдобрите.

Кире Лазаров кој и на 39 години се уште е активен, го носи дресот на француски Нант, собра 67% од гласовите за својата позиција. Зад него со 23% остана Ласло Наѓ, а трет беше Алекс Душебаев со 10 проценти од гласовите.

За ракометар на деценијата интернет порталот го прогласи Французинот Никола Карабатиќ кој освои со „триколорите“, но и со клубовите каде што настапуваше се што можеше да се освои.

Идеалниот тим на деценијата, покрај овие две ракометни легенди го сочинуваат и:
Тиери Омејер, Уве Генсхајмер, Микел Хансен, Лук Абало, Жулен Агинагалде, а Виран Морос е прогласен за дефанзивец на деценијата.

Scroll to Top