Top Sport

Фудбалерите на Вулфс не смеат да одат ниту до продавница

Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон донесе одлука на играчите во клубот да им забрани да одат во продавница, или супермаркет за да се намали ризикот од зараза со коронавирусот.

Во Англија последните денови зголемен е бројот на позитивни случаи, па голем дел од клубовите мораа повторно да ги заклучат портите за навивачите кои претходно во ограничен број можеа во живо да ги следат натпреварите.

„Само сакаме да се заштитиме, толку многу луѓе се грижат за нас, па можеме и ние за нив“ рече менаџерот на Вулфси, Нуњо Еспирито Санто.

Премиерлигата воведе нви мерки – тестирање на играчите двапати неделно.

„Од почетокот на пандемијата, нашите вработени во кујната ги пакуваа важните намирници кои ни се потребни и сите добиваат оброк во кутија. Кога ситуацијата со короната малку се подобри рековме дека сите можеме во набавка, но сега пак се зголеми бројот на заразени, па повторно се вративме на старите мерки. Играчите и нивните најблиски нема да одат во набавка“ појасни Санто.

Мечот од ова коло Вулфси го играат утре вечер, против Тотенхем.

Scroll to Top