Top Sport

Листата на желби на Покетино во ПСЖ – Меси, Ериксен, Али, Трипие…

Додека се очекува официјалната промоција на Покетино на кормилото на ПСЖ, Аргентинецот веќе ја составил листата на желби. Медиумите во Европа доаѓаат до информација дека се подготвуваат големи промени на „Паркот на принцовите“.

Најзвучно име е Лионел Меси. Неговата судбина во Барселона засега е непозната. Доколку се реши за нов предизвик, ПСЖ е прв во редот, па следува Манчестер Сити.

Кристијан Ериксен е незадоволен од третманот во Интер. Деле Али исто така не е во прв план кај Мурињо, а третото име кое се споменува е Трипие од Атлетико Мадрид. Англискиот репрезентативец има добра репутација, но Чоло Симеоне сигурно не би го пуштил така лесно.

Scroll to Top