По 6:2 поразот од Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, Лидс се врати на победите во Премиер лигата, со некарактеристичен натпревар со само еден гол против Барнли, за 1:0 победа.
Лидс, кои пред поразот од Јунајтед ги победија Њукасл со 5:2, станаа познати по својот бескомпромисен напаѓачки стил на игра, кој носи многу голови, но овојпат на „Еланд роуд“ падна само еден гол – од пенал уште во петтата минута, кој го реализираше Патрик Бемфорд, за негов 10-ти гол оваа сезона.
Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски го одигра цел меч за тимот на Марсело Биелса, кој со победата сега е на 11. место на табелата со 20 поени. Барнли, кои претходно не беа поразени во четири меча за да излезат од зоната на испаѓање, остануваат на 16. место со 13 поени.