Талентираниот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума, сериозно ги разгледувал опциите да го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Причина за ваквото размислување на младиот голман е трансферот на искусниот шпански голман Пепе Реина.
Милан го договорил Шпанецот кој на „Сан Сиро“ по завршувањето на сезоната ќе пристигне како слободен играч, меѓутоа неговиот трансфер многу го налутил семејстовот Донарума.
Како што пишува „Кориере дело Спорт“, трансферот на Реина ја загрозува позицијата што во моментов во клубот ја има братот на Џанлуиџи, Антонио.
Спорстикот директор Масимо Мирабели решил да го донесе Реина иако во договоро на Џанлуиџи и Милан стои дека неговиот брат Антонио ќе биде резервната опција на голманската позиција.
На трансфер на младиот голман инсистира и неговиот менаџер Мино Рајола. Контроверзниот менаџер ќе се обиде да го продаде Џанлуиџи во ПСЖ за сума од 60 милиони евра.
Во случај да замине Донарума, тогаш Реина би бил прв голман, додека резервен голман би бил младиот Алесандро Плицари кој е позајмен во Тернана.