Тренерот на Барселона, Роналд Куман, во пресрет на натпреварот со Еибар, повторно ја допрел актуелната тема околу заминувањето на Лионел Меси. Аргентинецот ќе го пропушти вечерашниот натпревар со Еибар во Ла Лига.
Куман, на прес конференцијата, рекол дека Меси ќе го пропушти натпреварот, поради лесна повреда на глуждот.
„Ќе се врати за неколку дена. Кога не е во тимот, тоа е голем хендикеп, но нашиот систем не е Меси. Тој е дел од системот, имаме неколку фудбалери што можат да го заменат на таа позиција“, рекол Куман.
Меси во интервјуто за „Ла Секста“, рекол дека по завршувањето на сезоната ќе реши дали ќе остане во Барселона.
„Совршено е кога во интервју ќе објасните што мислите. Во неговиот случај, нема да се однесувам поинаку, бидејќи самиот кажа дека ќе реши по завршувањето на сезоната. Ќе видиме што ќе се случува, неговата иднина не зависи од мене“.