Top Sport

Хуман гест на Ловрен–хотелот го дава за жртвите од земјотресот во Хрватска

Силен земјотрес денеска околу пладне ја стресе Хрватска, а најтешко помина градчето Петриња кое е на 50-тина километри од Загреб.

Многумина од хрватските спортисти упатија пораки за поддршка понудија помош за жрвтите од земјотресот. Еден од нив беше и фудбалерот на Зенит, хрватскиот фудбалски репрезентативец, дејан Ловрен. Тој за најзагрозените семејства им понуди престој во неговиот хотел во местото Новаља.

„Драги граѓани на Петриња, за 16 најзагрозени семејства го ставам на располагање својот хотел во Новаља. Доколку ви е потребно привремено сместување, јавете му се на мојот тим, предност имаат семејства со деца“ напиша Ловрен на Инстаграм.

Scroll to Top