Челниците на Премиер лигата ќе ја разгледаат опцијата, првенството да биде прекинато на две недели. Во Англија, расте бројот на заразени од вирусот Ковид-19, а во Премиер лигата на последните тестирања, во клубовите, имало 18 заразени.
Коронавирусот го одложи натпреварот помеѓу Евертон и Манчестер сити, а според медиумите не е сигурно дека ќе се одиграат вечерашните натпревари Тотенхем-Фулам и Ливерпул-Њукасл.
Еден од оние кои побарале пауза од две недели е и менаџерот на ВБА, Сем Алардајс.
„Загрижен сум за себе и за фудбалот. Безбедноста е поважна од фудбалот. Слушам дека новиот сој на вирусот се шири побргу од оригиналниот вирус. Во овој случај правилно е да направиме пауза. Имам 66 години не сакам да добијам Ковид“, рекол Алардајс по поразот на ВБА од Лидс.