Top Sport

Симеоне вечерва 500 пат ќе го предводи Атлетико

Вечерашниот натпревар на Атлетико Мадрид против Хетафе ќе биде посебен за тренерот на „јорганџиите“, Диего Симеоне. Популарниот Чоло по 500 пат како тренер ќе го предводи Атлетико.

Симеоне стана тренер на Атлетико на 23.декември 2011 година, минатиот вторник против Елче ја прослави својата 300 победа како тренер на клубот од „Ванда Метрополитано“. Чоло во биографијата има 81 пораз со Атлетико, а 118 пати неговиот тим одиграл нерешено.

Со Атлетико, Аргентинецот освоил седум трофеи.

Во дуелот со Хетафе, Атлетико ќе влезе од лидерската позиција на табелата.

Scroll to Top