Top Sport

Мајер победи во Бормио

Австриецот Матијас Мајер ја забележа првата победа оваа сезона, во Светскиот куп. Мајер, во средата, победи на трката во спуст, која се одржа во Бормио, Италија.

Резултатот 1:57.32 му ја обезбеди на Австриецот десеттата победа во кариерата.

Спустот во Бормио беше исклучително неизвесен, првите шестмина ги делеа само 28 стотинки.

Зад Мајер, на второто место заврши неговиот сонародник Винсент Крихмајр, а трет беше Швајцарецот Урс Кринбил. Крихмајр имаше послаб резултат од Мајер за четири, а Кринбил за шест стотинки.

Четвртото место му припадна на домашниот натпреварувач, Доминик Парис (+0.13), петтото на Швајцарецот Мауро Кавицел (+0.16), а шестото на Норвежанецот Александер Килде (+0.28).

Мајер со оваа победа се искачи на втората позиција во поредокот во спуст. Тој има 158 поени, 32 помалку од водечкиот Килде, кој ја презеде лидерската позиција во вкупниот поредок во Светскиот куп со 465 поени, три повеќе од Алекс Пинтаро.

Scroll to Top