Top Sport

Квери условно казнет за бегството од Русија

Американскиот тенисер, Сем Квери, доби условна казна, бидејќи ги прекрши правилата на АТП. Квери, избега од Русија, додека се одржуваше турнирот во Санкт Петербург. Тој со сопругата и синот бил во Русија и сите биле позитивни на коронавирусот.

Наместо да остане во 14-дневна изолација, Квери со семејството успеал да излезе од Русија. Тој организирал приватен лет и преку ноќ го напуштил Санкт Петернург.

АТП му изрече шест месечна условна казна на Квери. Покрај тоа тој е казнет и парично, со 20.000 долари.

Scroll to Top