Top Sport

Покетино пристигна во Париз

Маурисио Покетино, според информациите од Франција, пристигнал во Париз и во текот на денот треба да биде промовиран во нов тренер на ПСЖ.

Аргентинскиот тренер една година е без работа, откако доби отказ во Тотенхем. На кормилото на ПСЖ тој ќе го наследи Томас Тухел. Покетино во кариерата, како играч, две години го носел дресот на ПСЖ.

Тој на медиумите ќе им се обрати во текот на денот, откако ќе го потпише договорот.

На прес-конференцијата веројатно ќе ги открие плановите за јануарскиот преоден рок.

Покетино дебито ќе го има на 6.јануари, кога ПСЖ за противник ќе го има Сент Етиен.

Scroll to Top