Полјакот Давид Кубацки победи на скокалницата во Гармиш-Партенкирхен, втората од четирите станици на новогодишната турнеја. Кубацки во втората серија скокна 144 метри што е нов рекорд на скокалницата.
Минатогодишниот победник Кубацки во првата серија скокан 139 метри, а со скокот од 144 метри освои вкупно 282,1 поени..
На второто место се пласира Хелвор Егнер Гранеруд со скоковите од 137 и 136 метри (279,4 поени). Третото и четвртото место го освоија сонародниците на победникот Кубацки, Пјотр Жила и Камил Стох.
Жила имаше скокови од 129,5 и 137 метри, а Стох скокна 135 и 132 метри.
Во генералниот пласман водечката позиција ја задржа Гранеруд со 555 поени, втор е победникот од Оберстдорф, Карл Гајгер со 551, трет е Стох со 548,3, а Кубацки се проби на четвртото место со 546,4 поени.
Третиот натпрревар на турнејата ќе се одржи на 3.јануари во Инсбрук.