Top Sport

Ренџерс на +19 пред Селтик по „Олд Фирм“, 50 години по катастрофата на „Ајброкс“

Ренџерс на Стивен Џерард успеаја да стигнат до славна 1:0 победа над лутите ривали Селтик на 50-годишнината од катастрофата на „Ајброкс“ во која загинаа 66 луѓе, за да се одвојат на неверојатни 19 поени предност пред „зелените“, кои имаа девет титули во низа во Шкотска.

Точно на денешен ден во 1971 година, на скалите пред влезот на стадионот на Ренџерс, „Ајброкс“, 66 навивачи на „лојалистичкиот“ шкотски клуб го загубија животот во стампедо, така што победата на Ренџерс на точно 50 години од катастрофата носи голема тежина.

Саботниот меч беше одлучен во 62. минута, кога Нир Битон доби црвен картон за Селтик, за осум минути подоцна Калам Мекгрегор да си постигне автогол за 1:0 водство а Ренџерс. Сега, Ренџерс се на врвот на шкотската Премиер лига со 62 поени, додека Селтик имаат само 43, но и три меча помалку од ривалите.

Scroll to Top