Австриските колеги Винсент Крихмаер и Матијас Маер ја поделија победата во спустот на финалето од Светскиот куп во шведскиот ски-центар Оре, но човек кој најмногу славеше беше Швајцарецот Беат Фојц, кој го крена својот прв кристален глобус.
Фојц, кој оваа година победи во Лејк Луис, Венген и Гармиш, на крајот заврши со 0.04 секунди послабо време од победниците, но за 0.08 секунди пред Аксел Лунд Свиндал, норвешкиот олимписки шампион, кому му беше потребен подобар резултат. На крајот разликата меѓу двајцата беше 70 поени.
Фојц станува првиот Швајцарец со титулата од СК во брзинската дисциплина по Дидие Куш, кој во 2011 го освои својот четврти трофеј. За Фојц ова беше и слатка одмазда, бидејќи на Олимпијадата во Пјонгчанг освои бронза зад Свиндал и неговиот сонародник Кјетил Јансруд.
Од другата страна, Крихмаер и Маер ја донесоа првата спусташка победа за Австрија, откако во минатото доминираа во оваа дисциплина.
Felix Austria – erster Abfahrtssieg 2017/18, aber gleich mit zwei Mann ganz oben auf dem Treppchen! ???? pic.twitter.com/SW1VVVnZkd
— Eurosport DE (@Eurosport_DE) March 14, 2018