Top Sport

Мурињо: Му дадов шунка на Регуилон, бидејќи мислев дека сам ќе слави!

Жозе Мурињо во негов стил ги критикуваше тројцата свои фудбалери кои ги прекршија правилата за изолација од корона вирусот на Божиќ. Тотенхем се извинија откако Серхио Регуилон, Џовани Ло Селсо и Ерик Ламела, заедно со Мануел Ланзини од Вест хем ги поминаа празниците заедно на голема забава со 11 други возрасни луѓе.

Мурињо вели дека ова било „негативно изненадување“ за него, но додаде дека му дал на Регуилон „португалско прасе“ (односно бут сушен пршут) бидејќи мислел дека дефанзивецот ќе биде сам на празниците.

„Тоа беше неверојатен подарок. Неверојатен. Португалско прасе, што е фантастично за Португалците и Шпанците. Му го дадов бидејќи ми кажа дека сам ќе го помине Божиќ. Но, не беше сам, како што видовте. Разочарани сме бидејќи им даваме на фудбалерите едукација за тоа што смеат да го прават. Ова беше негативно изненадување за нас“, вели Мурињо.

Тотенхем и Вест хем се извинија за своите „ковидиоти“

Мурињо му купи пршут од 500 фунти на Регуилон откако го „сопре“ Марез

Scroll to Top