Top Sport

Лукаку не е повреден

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, не е повреден, но најверојатно ќе го пропушти натпреварот со Сампдорија во среда.

Лукаку, се пожалил на болка во мускулот на десната нога, по натпреварот со Кротоне, одигран викендов. Деталните прегледи не откриле никаква повреда.

Тренерот Антонио Конте, во консултација со својот стручен штаб и лекарите, ќе реши дали Лукаку ќе игра против Сампдорија во Џенова.

Италијанските медиуми тврдат дека Лукаку ќе патува со тимот и дека натпреварот ќе го започне од клупата за резерви. Доколку има потреба тој би влегол на теренот.

Интер, утре, ќе гостува во Џенова, а викендов ќе ја пречека Рома.

Scroll to Top