Top Sport

Завршено – Месут Озил има нов клуб

Арсенал успеаја да се ослободат од Месут Озил. Поранешниот репрезентативец на Германија, кариерата ќе ја продолжи во Фенербахче. Турците објавија дека Озил со Фенербахче ќе потпише тригодишен договор.

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, во првиот дел од сезоната не го пријави Озил за настапите во Премиер лигата и Лига Европа, меѓутоа фудбалерот не сакаше да го напушти Лондон.

Поради платата тој се чувствуваше комотно на „Емирејтс“. Озил во јануари 2018 година, договори неделна плата од 350.000 фунти.

Озил во својот мандат во Арсенал, кој започна во 2013 година, со клубот освои три трофеи во ФА купот.

Иако десет месеци не играл, Озил треба да биде сериозно засилување на Фенербахче, во походот кон шампионската титула. Фенербахче, се наоѓа на петтото место во турскиот шампионат, со со минус од два бода и со натпревар помалку од лидерот Газиентеп.

Scroll to Top