Top Sport

ЦИЕС: Рашфорд е најскап играч во светот, Меси и Роналдо не се во Топ 10

Според истражувањето на Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС), Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед е најскапиот фудбалер во светот. Неговата реална цена на пазарот, според ова истражување, изнесува 165,6 милиони евра.

Параметирте според кои ЦИЕС ја одредува вредноста на фудбалерот се: годините, ваѓноста на актуелниот договор, индивидуалните резултати, статусот на клубот…

Цената на Рашфорд драстично скокнала бидејќи оваа сезона има учинок од 14 гола и 7 асистенции, Јунајтед се втори во Премиер лигата, а фудбалерот има договор со клубот до јуни 2023 година, со опција за продолжување на уште една година.

Зад рашфорд следуваат Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд (151,3 милиони евра) и Трент Александер-Арнолд од Ливерпул (151,6 милиони евра).

Интересно, поради годините, двајцата најдобри во последните две децении, Лео Меси и Кристијано Роналдо се наоѓаат на 97 и 113 место.

ТОП 10, според ЦИЕС:

1. Маркус Рашфорд (Ман.јунајтед, 165,6 милиони евра)
2. Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд, 151,3)
3. Трент Александер-Арнолд (Ливерпул, 151,2)
4. Бруно Фернандеш (Ман.јунајтед, 151,1)
5. Килијан Мбапе (ПСЖ, 148,8)
6. Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд, 147,9)
7. Жоао Феликс (Атлетико Мадрид, 141,1)
8.Алфонсо Дејвис (Баерн, 139)
9. Рахим Стерлинг (манчестер сити, 136,6)
10. Каи Хаверц (Челси, 135,6).

Scroll to Top