Хрватскиот интернационалец Еди Баша е третото засилување за фудбалскиот клуб Борец од Велес. Во пресрет на пролетниот дел од првенството, покрај Баша, Борец се засили и со Алехандер Борха и Лука Трајковски.
Баша е крилен напаѓач и со успех има настапувано во повеќе клубови во Хрватска,Словенија и БиХ. Баша бил играч на Копер, Ровињ, Истра, Јадран Пореч, Цибалија, Нови Град и Железничар од Сараево.
Борец до крајот на предниот рок планира го засили редот за врска, клубот е во преговори со играч од странство. Исто така Борец води преговори со двајца македонски фудбалери и голман.