На маката на Жозе Мурињо по спектакуларното излетување на Манчестер јунајтед од Лигата на шампионите, му се надоврза изјавата на еден негов поранешен играч, Адријан Муту, кој тврди дека Златан Ибрахимовиќ не е повреден, туку дека е во конфликт со тренерот.
Ибрахимовиќ прво се повреди во четврт-финалето на Лигата на Европа минатата сезона, но откако доби едногодишен договор, во декември ја поврати повредата и оттогаш има само еден меч – ремито со Барнли на крајот на декември.
Муту, кој играше под Мурињо во Челси, вели дека меѓу нив има голем конфликт.
„Навистина не ми е грижа за Мурињо. Тој не зборува за перформанси, туку само за резултат. Имам информации дека Ибрахимовиќ не е повреден, туку само не може да се гледа со Мурињо повеќе“, вели Муту во интервју со „Телеком Романија“.
Муту имаше 38 настапи за Челси, каде што имаше лоши односи со Мурињо. Двајцата се судрија околу наводното лажење дали Муту бил повреден за квалификациски меч во 2006 година. Муту беше отпуштен од Челси во 2004 година по позитивниот тест на кокаин.