Астон вила се пред исфрлање од ФА купот пред утрешниот меч против Ливерпул, откако имаат „значително“ зголемен број на позитивни случаи на КОВИД-19 и го затворија својот тренинг-центар во четвртокот.
Бидејќи има „згуснат“ распоред на мечеви во англискиот фудбал и малку шанси за презакажување пред четвртото коло од ФА купот, клубовите кои нема да можат да ги комплетираат мечевите овој викенд ќе бидат исфрлени од натпреварувањето.
„Астон вила потврдува дека е затворен тренинг-центарот во Бодимор Хит по значително ширење на корона вирусот. Повеќе членови на првиот тим и членови на придружниот тим имаа позитивни тестови во понеделникот и се наоѓаат во изолација. Вториот бран тестирања покажа уште дополнителни позитивни мечеви. Продолжуваат преговорите со ФА и со Премиер лигата“, се вели во соопштението на клубот од Бирмингем.
Aston Villa can confirm that the Club has closed its Bodymoor Heath training ground after a significant Coronavirus outbreak.
— Aston Villa (@AVFCOfficial) January 7, 2021