Top Sport

Има заинтересирани за купување на Интер

И покрај тоа што семејството Жанг демантираше дека го става Интер на продажба, туку дека се бараат само инвеститори кои би биле малцински сопственици, британската инвестициска компанија „БЦ Партнерс“ е заинтересирана за целосен откуп на клубот од Сунинг групацијата, јавуваат италијанските медиуми.

По финансискиот удар од пандемијата на КОВИД-19, кинеските сопственици бараат влез на свеж капитал во тимот, но би сакале да ја заддржат контролата на клубот. Сепак, „Соле 24 оре“, италијанскиот финансиски весник и „Калчо е финанца“ тврдат дека „БЦ Партнерс“ не се заинтересирани за мала инвестиција, туку само за голем дел од „колачот“.

Сунинг во моментов имаат 70 отсто од италијанскиот гигант, а преостанатите 30 отсто се во рацете на фондацијата од Хонг Конг, „Лајонрок“.

Жанг официјално демантираше – Интер не е на продажба

Scroll to Top