Top Sport

Европските ракометари не сакаат публика на СП

Унијата на европски ракометари (ЕХПУ), преку писмото испратено до претседателот на Светската ракометна федерација (ИХФ), Хасан Мустафа, изразиле загриженост што ќе има публика на натпреварите на Светското првенство во Египет.

Како што објави „ТВ2“ од Норвешка, играчите побарале од ИХФ натпреварите да се играат без публика. Според нив одлуката на ИХФ, да бидат исполнети 20 отсто од капацитетите на трибините, директно влијае врз здравјето на играчите, тренерите и публиката.

Исто така, во писмото, играчите побарале да бидат запознаени со протоколот кој ќе им гарантира безбедност, доколку ИХФ не се откаже од идејата, да има навивачи на натпреварите.

Пред неколку дена својата загриженост од одлуката на ИХФ ја искажаа најдобрите играчи на Данска и Норвешка, Микел Хансен и Сандер Сагосен. Хансен дури и се закани дека нема да настапи на Светското првенство доколку ИХФ не ја смени одлуката.

Светското првенство во Египет ќе се одржи од 13. до 31.јануари.

Scroll to Top