Алексис Пинтуро ја декласираше конкуренцијата за да победи на велеслаломот во швајцарскиот ски-центар Адерлбоден, откако беше најбрз во првото и во второто возење и победи со предност од 1.04 секунди пред Хрватот Филип Зубчиќ, кој се искачи од третото место по првото возење, додека Марко Одермат и го донесе првиот подиум на Швајцарија во Аделбоден по 13 години.
Условите за скијање беа фантастични во Аделбоден со температури далеку под нулата, и Пинтуро го искористи тоа за вторпат да го добие трофејот во форма на ѕвоно откако триумфираше и пред четири години. Ова исто така е втора велеслаломска победа во низа за Французинот, по победата во Алта Бадија пред Нова Година.
Со победата Пинтуро е на само 10 поени зад Одермат во велеслалом, а веднаш ќе има шанса да се искачи на првото место, бидејќи утре на програмата е втора трка, првпат во историјата на Аделбоден.