Top Sport

Најстарата жива олимписка шампионка наполни 100 години

Агнеш Келети, Еврејка родена во Будимпешта е најстарата жива олимписка шампионка. Родена е во 1921 година, а со гимнастика почнала да се занимава на 4 годишна возраст. На 16 години веќе била шампионка на Унгарија, а во кариерата освоила дури 10 олимписки медали.

Била една од најголемите фаворити за медал и на ОИ во 1940 и во 1944 година, но затоа што била Еврејка морала да се крие и да бега што подалеку од Втората светска војна.

Војната успеала да ја преживее така што успеала да го сокрие својот идентитет.

Веќе во 1946 година продолжила да освојува титули. На 31 година првпат отишла на Олимписки игри, во 1952 година, во Хелсинки. Таму освоила 4 медали, а 4 години подоцна во Мелбурн додала уште 6 со што тогаш станала највозрасната гимнастичарка која освоила злато на ОИ.

Scroll to Top