Тренерот на Анадолу Ефес, Ергин Атаман, од вчера е сопственик на неславен рекорд, тренер со најмногу порази во историјата на Евролигата.
Ефес, во четвртокот, гостуваше во Бамаберг и загуби 88:79. Турскиот тим по 26 кола во Евролигата има само шест победи и се наоѓа на последната позиција на табелата.
Поразот од Бамберг беше 130. за Атаман во евролигашката кариера. Со овој пораз Атаман зад себе го остави црногорскиот тренер Душко Ивановиќ кој има 129 порази во Евролигата.