Познатиот англиски судија, Мајкл Оливер, конечно, ја објасни една од најконтроверзните судиски одлуки во Премиер лигата оваа сезона, кога не му додели црвен картон на Џордан Пикфорд за бруталниот старт над Виргил ван Дајк, кој го оддалечи фудбалерот на Ливерпул долго од фудбалските терени.
Во дербито на Мерсисајд, Пикфорд налета на Ван Дајк, нанесувајќи му сериозна повреда на коленото по кое тој мораше на операција. Оливер и ВАР системот решија да се фокусираат на тоа дали имало офсајд во градењето на акцијата наместо за тоа дали треба пенал и црвен за Пикфорд.
„Првата мисла беше дека не може да биде пенал бидејќи е офсајд, така што тоа мора да се провери прво. Мислам дека им кажав на ВАР дека ако не е офсајд тогаш ќе биде пенал. Ја погледнав снимката повеќе пати. Искрено не мислам дека Пикфорд направи нешто друго освен што се обиде да се рашири, но го направи тоа на погрешен начин. Не размисливме за фаулот како што требаше, а можеби требаше да биде и офсајд и црвен картон за Пикфорд“, признава Оливер во интервју за „Дејли мејл“.
This has gone completely under the radar too. Watch closely, Van Dijk clearly tries to punch Pickford in the face so should have seen red. Only fair Pickford tries to defend himself pic.twitter.com/9FZEJf6rdI
— Everton The Gear (@_EvertonTheGear) October 17, 2020