Top Sport

Четвртолигашот Кроули го понижи Лидс, Сити и Челси без мака

ФА купот е натпреварување каде што честопати има големи изненадувања, но ситуација во која четвртолигаш победува премиерлигаш се навистина ретки. Тоа им се случи на Лидс јунајтед на македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, откако неочекувано загубија со неверојатни 3:0 од Кроули таун.

Малиот клуб од Западен Сасекс, кој поголем дел од својата историја го минува меѓу третата и четвртата лига, постигна три гола во второто полувреме за шокантна победа, користејќи го стилот на игра на Марсело Биелса.

Манчестер сити немаше вакви проблеми, откако Бернардо Силва постигна два гола во првите 15 минути од мечот, за убедлива 3:0 победа над второлигашот Бирмингем сити, ниту Челси, кои со :0 го совладаа четвртолигашот Моркемб во меч во кој Тимо Вернер, конечно постигна гол покрај Мејсон Маунт, Калам Хадсон-Одои и Каи Хаверц.

ФА КУП, 3.КОЛО

Барнсли – Транмир 2:0

Бристол сити – Портсмут 2:1

Челси – Моркемб 4:0

Челтенхем – Менсфилд 2:1 по продолженија

Кроули – Лидс 3:0

Манчестер сити – Бирмингем сити 3:0

Scroll to Top