Top Sport

Во гаражата на Агуеро автомобил од 400.000 евра собира пајажина

Фудбалерот на Манчестер сити, Серхио Агуеро, во својата „ергела“ од 2014 година има и „Lamborghini Aventador“. Аргентинецот за овој автомобил издовил 400.000 евра.

Во едно интервју, Агуеро, признал дека не знае зошто го купил овој автомобил.

„За седум години со него имам поминато само 1.200 километри. Речиси и да не го користам, две години се мислам зошто воопшто го купив. Само собира пајажина. Фрлени пари“, рекол Агуеро.

Аргентинецот во Манчестер сити пристигна во 2011 година од Атлетико Мадрид за 40 милиони евра. Тој со 256 гола е најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити.

Scroll to Top