Top Sport

„Пандата“ на Врсаљко стана хит – го претекна џипот на Караско!

Шпанската јавност уште се забавува во со Фиат Пандата на хрватскиот репрезентативец Шиме Врсаљко, откако прво се појави фотографија од стариот автомобил со кој тој пристигна на тренинзите на Атлетико Мадрид во снежната шпанска престолнина.

Бурата „Филомена“ направи хаос на Пиринејскиот Полуостров, а снегот не го поштеди ниту Мадрид, иако првите луѓе на Атлетико најавија дека нивниот „Ванда Метрополитано“ ќе биде подготвен за мечот со Севилја откако го стопија снегот на теренот.

Сепак, фудбалерите мораат да одат на тренинзи, и Врсаљко прво стана хит откако заедно со јаник Караско, Томас Лемар и Марио Ермозо пристигнаа на тренинг со стар Фиат, иако „тежат“ по десетина милиони евра.

Сега, по фотографијата, пристигнува и видеото. Маркос Љоренте објави снимка на која таа Фиат Панда го претекнува неговиот џип на патот до тренинг-центарот во Махадахонда.

Ѕвездите на Атлетико на тренинг со „Фиат Панда“

 

Scroll to Top