Поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони, го загрижува состојбата во клубот, кој по неколкумесечни турбуленции во април годинава го продаде за 830 милиони евра на компанијата „Росонери Спорт Инц. Лукс“ од Хонг Конг.
Новите кински сопственици на Милан, во летниот преоден рок со поддршка на американскиот хеџ фонд „Елиот менаџмент“, вложија во засилувања 200 милиони евра, но резултатитедалеку од очекувањата.
„веќе имаат некои финансиски проблеми. Ме загрижува молчењето на господинот Ли. Доколку тимот продолши со лошите изданија постои можност „Фонд Елиот“ на пролет да го преземе клубот, но вистинскиот проблем е веројатноста дека нема да се пласираат во Лигата на шампионите што ќе преставува минус од околу 100 милиони евра. Кој и да го купи клубот не би морал да ја плати неговата реална вредност, но пред себе е има тешки години на закрепнување. Иднината не е убава“, рекол Берлускони.
Силвио Берлускони 31 година беше сопственик на Милан и во тој период Милан стана еден од најдобрите клубови во светот, освојувајќи пет титули во Лигата или Купот на европски шампиони.