Top Sport

Американска олимпијка била проститутка: Спиев со десет мажи на ноќ

Поранешната американска атлетичарка Сузи Фејвор Хамилтон, учесничка на три олимпијади (1992, 1996, 2000), никогаш не освојувала медали во својата дисциплина 1.500 метри, но нејзиниот атрактивен изглед секогаш бил привлечен за спонзорите, кои започнале да ја напуштаат кога се дознало дека води двоен живот и дека се занимаваа и со проституција.

Халитон за своите услуги наплаќала 600 долари за еден час, а дека води двоен живот, откриле некои од нејзините клиенти, на кои им го открила вистинскиот идентитет.

Разоткривањето на тајната, според неа, е најдоброто нешто што ѝ се случило во животот.

„Минував низ тежок период. Мојот сопруг знаеше што правам, но не можеше да ме сопре“, рекла Хамилтон објаснувајќи дека сексот со непознати мажи ѝ давал сила бидејќи во другите работи не гледала никаква вредност. Покрај тоа, таа од продавањето на своето тело одлично заработувала.

„Доколку не го работев тоа, којзнае како ќе завршев. Имав секс и со по десет мажи за една ноќ. Потоа ќе се вратев дома и сѐ ќе му раскажев на сопругот“, рекла Хамилтон.

Сузан Фејвор Хамилтон успеала да се извлече од канџите на проституцијата и денес често е присутна на конференциите за ментално здравје каде што настапува како говорник. Напишала и книга во која проговорила како успеала да се извлече од биполарното нарушување.

Учесничката на три олимпијади на трките на 1.500 метри никогаш не остварила забележителен резултат на најголемата спортска смотра. Најдобри резултати во кариерата ѝ се сребрениот медал на Универзијадата во Дуисбург во 1989, односно златните медали на Панамериканските игри во Насау во 1984 и Винтер арк во 1986 година.

Scroll to Top