Винченцо Нибали имаше совршен тајминг за да нападне и да победи на првата „монументална“ класична трка во 2018, Милан-Сан Ремо по 291 километри во саботата.
Шампионот од Тур де Франс 2014, стигна до прва победа од топ 5 еднодневни трки (Милан-Сан Ремо, Трка околу Фландрија, Париз-Рубе, Лиеж-Бастоњ-Лиеж и Трката околу Ломбардија), откако се одвои од главната група на надолнината Поџо, на седум километри пред финишот.
Final stages of Milan San Remo won by Nibali … pic.twitter.com/ScFQeOKoFD
— British Cycle Sport (@VeloUK) March 17, 2018
Велосипедистот на Бахреин-Мерида е првиот Италијанец со победа на „Примавера“ од 2006 година, откако успеа да ги остави зад себе фаворизираните спринтери – Австралиецот Келјеб Јуан (Мичелтон-Скот) и Французинот Арну Демар (Групама-ФДЈ), шампионот од 2016 година.
Британецот Марк Кевендиш (Дименжн Дата) пак имаше спектакуларен пад, паѓајќи на грб по салтото по удирање на пречка меѓу двете ленти на коловозот.
#Cavendish, che capriola! ??
Brutta caduta per il campione britannico, che centra in pieno lo spartitraffico…#Sanremo | #EurosportCICLISMO pic.twitter.com/1yHxCrnFRE
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) March 17, 2018