Валенсија полека се враќа во форма, откако благодарение на Родриго и Симоне Заза стигнаа до 3:1 победа над Алавес за враќање на третото место во Ла лига.
Родриго во 19. и Заза во 33. минута го одредија победникот на натпреварот уште во првите половина час игра, по што Валенсија само го комплетираше импресивниот триумф, нивни трет во низа во шпанскиот шампионат.
Алавес успеа да намали на 2:1 во 49. минута од мечот, меѓутоа само пет минути подоцна Лагвардија си постигна автогол за конечен резултат на дуелот.
Валенсија се трети на табелата со 59 поени, два повеќе од Реал Мадрид (кои имаат натпревар помалку) и пет зад второпласираните Атлетико Мадрид. Алавес пак, се на 16. место со 31 поен, 10 поени над опасната зона.
Фото: ЕПА