Легендата на Челси, Дидие Дрогба потврди дека неговиот брак со Лала Дрогба по 20 години заврши, откако минатата година се појави видео од него во кревет со друга жена.
Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слонов Коска во видеото беше во кревет со оскудно облечена жена и зборува: „Таа е позитивна, ќе ме зарази со тоа што ќе ме касне“. Тој се правдаше дека се работи за реклама за превенција на КОВИД-19, но британските медиуми објавија дека неговиот телефон бил хакиран. Сега, 42-годишниот Дрогба се јави на социјалните мрежи.
„Обично не зборувам за мојот личен живот, но поради шпекулациите во медиумите, можам да потврдам дека по 20 години заедно, Лала и јас се разделивме лани. Остануваме блиски и со иста цел да ја зачуваме приватноста на семејството и на нашите деца“, напиша Дрогба.
Дрогба се сретна со својата сопруга на крајот на 1990-тите, стапи во брак во 2011 година и имаа три деца. Дрогба освои четири титули од Премиер лигата и трофеј од Лигата на шампиони со Челси пред да се повлече од фудбалот во 2018 година.
Its now official, #African football legend, @didierdrogba Didier Drogba finally tells thé world that he has separated with wife, Lalla after 20 years of marriage. Says it was à mutual accord and together would look after their children. pic.twitter.com/AgmuyctzCj
— Geritaps (@geritaps) January 13, 2021