Top Sport

Драма во Мостар – Зрињски се врати од 0:3 во 88 минута! (видео)

Плеј-офот во Премиерлигата на Босна и Херцеговина донесе еден навистина неверојатен меч, откако во Мостар, Железничар водеше со 3:0 до 88. минута, но дозволи домаќинот Зрињски на крајот да израмни на 3:3.

Во меч кој може да го реши шампионот на БиХ, тимот на Адмир Аџем дојде во водство по само осум минути игра, кога Баришиќ погодува за 1:0 водство. Во 27. минута веќе беше 2:0, откако по асистенцијата на Убипарипа, Стојан Врањеш со пета погоди за 0:2.

Условите за игра беа лоши во второто полувреме по силниот дожд, по што во 86. минута беше досуден пенал за гостите, на што луто реагираа домашните фанови, но Закариќ во втор обид го совлада голманот на Зрињски.

По ова следуваше неверојатниот пресврт. Ачимовиќ ја врати надежта на Зрињски, пред Богичевиќ да си постигне авто-гол за шок за тимот од Сараево.

И покрај ваквата завршница, тренерот на Зрињски, легендата на БиХ фудбалот Блаж Слишковиќ влезе во неверојатен напад на официјалните лица.

„Проработе инатот поради некои одлуки на ’свемирците’. Повторно ќе изедам нешто што не треба. Да останеше 0:2, најверојатно така ќе завршеше, но кога дадоа гол од непостоечки пенал, проработе инатот. Дали кога ќе одам на ’Грбавица’ ќе имам 50-50 судење? Ма нека ме суспендираат на 100 години, јас за нив сум Бог за фудбалот“, изјави Слишковиќ.

Фото: Klix.ba

Scroll to Top