Поранешниот фудбалер на Јувентус, Фелипе Мело уште не му простил на капитенот на „бјанконерите“, Џорџо Кјелини советувајќи им на играчите на италијанскиот шампион да се плашат од него и додавајќи дека повеќе не би го викнал на вечера.
Бразилецот претходно реагираше кога автобиографијата на Кјелини имаше некои незгодни работи за него и за Марио Балотели, сметајќи дека се преминала границата на професионално однесување.
„Тој е симбол на Јувентус, за жал се повредува и нема континуитет. Но, за човечката страна. Во фудбалот, тоа што се случува во соблекувалната, треба да остане таму. Неговите соиграчи во Италија и во Јуве мора да се исплашени и да внимаваат што зборуваат. Можеби утре ќе го искористи тоа против вас. Во Бразил, тоа го нарекуваме етика, а тој ја нема. Јас имам етика и затоа нема да зборувам ошо за него. Се надевам дека ќе освои трофеи. Дали научив нешто? Сите грешки ми беа училиште. Но, сега сигурно нема да го повикам повторно на вечера“, вели Мело за „Ла газета дело спорт“.
Кјелини: Мело беше јаболко на раздорот, а Балотели заслужи шлаканица