Тотенхем стигна до релативно лесна 3:1 победа на гостувањето кај Шефилд јунајтед, оставајќи го „фенерџијата“ закован на дното на Премиер лигата и доближувајќи се на само три поени од лидерот Манчестер јунајтед.
Серж Орие уште во петтата минута донесе водство за гостите, пред во 40-тата минута Хери Кејн да го удвои водството. Дејвид Мекголдрик даде надеж на Шефилд дека ќе имаат два позитивни резултати во низа со голот во 59. минута, но Танги Ндомбеле само четири минути подоцна ја врати предноста од два гола со еден гол кој мора да се види за да се поверува.
NDOMBELE GOAL VS SHEFFIELD ???? pic.twitter.com/Q65v47WowN
— Tottenham XG (@TottenhamXG) January 17, 2021
Тотенхем сега се четврти со 33 поени, исто како третопласираниот Ливерпул и три зад Манчестер јунајтед пред ова големо англиско дерби. Шефилд останува последен со 5 поени, сега 9 поени под зоната за испаѓање.