Top Sport

Рома го продава Стротман

Интер во летниот преоден рок ќе се обиде да донесе еден од клучните играчи на Рома, Кевин Стротман. Холанѓанецот во Рим е од 2013 година, а низ годините Рома одби неколку понуди за него.

„Тутомеркато“, објави дека Рома се согласила да го пушти Стротман и дека веќе се започнати преговорите со Интер.

За трансферот на 28-годишниот фудбалер Интер ќе треба да издвои 45 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула во неговиот договор.

Стротман е прв на листата на потенцијални засилувања која ја составил тренерот на Интер, Лучано Спалети. Втор на неговиот список е напаѓачот на Хал Сити, Абел Хернандез.

Кевин Стротман сезонава има одиграно 33 натпревари за Рома, а има постигнато и еден гол.

Scroll to Top