Top Sport

Чиле „падна“, Македонија во главната рунда на Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација по двата високи порази во пресметките со Шведска и домаќинот Египет, ја забележа првата победа на Светското првенство во ракомет, победувајќи го Чиле со 32:29 (16:17) за да обезбеди пласман во главната рунда на Мундијалот.

Чилеанците, каде што главни ѕвезди се браќата Ервин и Емил Феухтман, кои играат во француската лига, се покажаа како опасен противник, посебно во првото полувреме, но кога беше најважно нашите репрезентативци покажаа дека се поквалитетен тим и ја забележавма третата победа во третиот меч на СП против јужноамерикаскиот противник.

Со победата, Македонија обезбеди пласман во главната фаза на СП, поточно во групата 4, каде што ќе играме со репрезентациите на Русија, Белорусија и Словенија, три многу тешки противници.

Капитенот Кирил Лазаров беше најефикасен со седум постигнати голови, Жарко Пешевски додаде 5, колку што имаше и Никола Костески. За Чиле, Естебан Салинас заврши со осум гола.

СП РАКОМЕТ ЕГИПЕТ 2021

ГРУПА Г

Македонија – Чиле 32:29 (16:17)

Шведска – Египет 18.00 ч.

Табела: 1.Шведска 4, 2.Египет 4, 3.Македонија 2, 4.Чиле 0

ГРУПА Х

Русија – Јужна Кореја 30:26 (15:15)

Белорусија – Словенија 18.00 ч.

Табела: 1.Русија 5, 2.Белорусија 3, 3.Словенија 2, 4.Ј.Кореја 0

Фото: СП Египет 2021

Scroll to Top