УЕФА повторно е во дилема. Во европската куќа на фудбалот, како што тврди претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге, сериозно ја разгледувале опцијата ЕУРО 2021 наместо во 12, да биде одржано само во една држава.
„Знам дека претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, кој е многу претпазлив кога станува збор за коронавирусот, размислува дека можеби е подобро поради пандемијата, турнирот да биде организиран само во една држава, со почитување на сите можни протоколи“, изјавил Румениге за германските медиуми.
Оваа изјава на Румениге од УЕФА официјално не ја демантираа.
„Во оваа фаза немаме информации по прашањата кои ги поставивте“, изјавил портпаролот на УЕФА.
Официјално, УЕФА се уште планира ЕУРО 2021 да биде одржано во 12 држави.
Во седиштето на УЕФА, во Нион, најдоцна до 5.март, треба да решат дали натпреварите на ЕП ќе се играат со присуство на публика.
УЕФА има четири опции. Капацитетите на стадионите да бида максимално исполнети, да бидат исполнет 50 до 100 отсто од капацитетите, да се дозволи исполнетост на 20 до 30 отсто и натпреварите да се играат пред празни трибини.