Бруклин Нетс, од формирањето на големата тројка, Харден-Дурент-Ирвинг, го доживеа првиот пораз. Нест се поразени од Кливленд Кавалирс со 147:135. Кливленд до победата го предводеше Колин Секстон со рекордни во кариерата 42 поени.
Големата тројка на Бруклин ја предводеше Дурент со 38 поени, 12 скокови и 8 асистенции, Харден забележа трипл-дабл (21 поен, 10 скока, 12 асистенции), а Ирвинг во првиот меч по паузата од четири натпревари постигна 37 поени.
Лука Дончиќ и Далас ја забележаа седмата победа во сезоната. Пред Маверикс падна Индијана Пејсерс (124:112). Дончиќ мечот го заврши со 13 поени и по 12 скока и асистенции. Најефикасен кај Далас беше Прозингинс со 27 поени, Кај Индијана се истакнаа Бронгдон со 26 и Сабонис со 26 поени.
Изминатата ноќ неколку кошаркари имаа неверојатни индивидуални остварувања.
Џоел Ембид постигна 42 поени, забележа и 10 скока во победата на Филалдлефија над Бостон 117:109.
Атланта, по едно продолжение, запиша триумф над Детроит 125:113.
Тре Јанг имаше 38 поени и 10 асистенции, брилијантен меч одигра Клинт Капела со 27 поени и 26 скокаови. Кај Детроит со 32 поени се истакна Џереми Грент.
Орландо со тројка во последната секунда дојдоа до победата над Минесота 97:96. Орландо го предводеше Црногорецот Никола Вучевиќ со 28 поени и 8 скока.