Меѓунардониот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) не му го признава рекордот на Кристијано Роналдо. Португалецот, синоќа, против Наполи го постигна 760 гол во кариерата и стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот. На вечната листа тој го мина Јосеф Бицан.
ИФФХС тврди дека Бицан во кариерата не постигнал 759, туку 821 гол. Според овој податок Чехот се уште е кралот на стрелците.
Бицан бил активен фудбалер во периодот од 1931 до 1958 година.
„Бицан како играч на Храдец Карлове, во Втората лига, има постигнато 53 гола. Тој податок недостигаше. Секој детал го проверивме два пати и дојдовме бројка од 821 гол. Толку голови постигнал Бицан на официјални натпревари. Тоа значи дека Кристијано Роналдо се уште не е најдобар стрелец во историјата, ќе мора уште многу да работи за да го урне рекордот“, рекол Јарослав Колар.
Не треба да се заборави дека и бразилските легенди Пеле и Ромарио тврат дека постигнале повеќе голови од Роналдо, но за разлика од Бицан тие немаат доказ дека тоа е вистина.
Kolega z Komise pro historii a statistiku FAČR ?Jaroslav Kolář má důležitý vzkaz pro všechny příznivce @Cristiano! A samozřejmě i pro tu větší skupinu?, tedy pro fanoušky Pepiho Bicana ? #CR7 #Statistics #bican #821goals pic.twitter.com/1sgRpLFRPq
— Michal Jurman (@michaljurman) January 21, 2021