Валентино Роси вели дека неговото трето место на Катар ГП трката во неделата е совршен одговор на тие кои сметаат дека тој е престар за Мото ГП акција, откако тој потпиша нов двегодишен договор со Јамаха.
39-годишниот Роси потпишна нов договор со кој ќе вози до сезоната 2020, кога ќе има 41 година. Тој беше осми на квалификациите, но се врати до третото место со помалку од секунда заостанување зад победникот Андреа Довициозо и второпласираниот Марк Маркез.
„Искрено, такви коментари веќе не ме интересираат бидејќи ги надминав пред 10 години. Но, кога има вести дека го обновив договорот, секогаш ќе се најде некој кој ќе покаже со прстот и ќе каже – ти си престар. Најважно е тоа што се случува на патеката, а таму покажав дека можам да бидам брз. Со годините најголем проблем е физичката подготвеност, но затоа тренирам многу понапорно од пред 10 години“, вели Роси.
„Докторот“ исто така вели дека неговиот тим Јамаха ги надмина проблемите од финишот на 2017, кога возачот на сателитскиот Тех 3 тим, Жоан Зарко постојано беше побрз од возачите на фабричкиот тим.
„Ни недостасуваше малку за победа, но ова е добар старт на шампионатот. Лани не знам како бев на подиумот, но оваа година мислам дека тука припаѓаме. Во одредени делови заостануваме, но не толку многу“, додава Италијанецот.
Фото: ЕПА