Top Sport

Детали од УЕФА: Скендербег го наместил поразот од Динамо Загреб

Истрагата на УЕФА против албанскиот клуб Скендербег продолжува и сѐ поизвесно е дека клубот ќе се соочи со 10-годишна суспензија, откако наместиле дури 53 натпревари од ноември 2010 до април 2016 година.

Фокусот е кон четири спорни дуели, од кои еден е натпреварот против Динамо Загреб, кој на „Максимир“ заврши со 4:1 за хрватскиот шампион во 2015 година. Динамо во првиот меч славеше со 2:1, а во реваншот водеше со 3:1 и имаше играч помалку, кога почнале да се вложуваат големи пари дека Динамо до крајот на мечот ќе даде уште еден гол.

Албанските медиуми дојдоа до официјалните документи на БФДС (системот за детектирање на измами), во кој се чита дека фудбалерите на Скендербег во основа се кладеле сами против себе.

Динамо поведе во 9. минута преку Судани, а само минута подоцна, гостите израмнуваат преку Есквердиња. Во 15. минута Динамо ја враќа предноста преку Армин Хоџиќ, а во 48. минута дефанзивецот Гонцало добива црвен картон. Седум минути подоцна, Таравел постигнува гол за 3:1 по што почнува „лудилото“ на обложувалниците за уште еден гол на загрепчани. Тоа на крајот се случува кога Судани погодува во 80. минута.

Според УЕФА, виновни за тој гол се фудбалерот Ренато Арапи и голманот Оргес Шеши – првиот слабо реагирал, а голманот решил да остане на гол-линијата.

„Играчите на Скендербег доброволно престанаа да  играат за да го искористат натпреварот за да се обложуваат. Ова е претходно организирана шема, и очигледно тие се единствениот учесник во оваа манипулација. Нема никаква спорстка логика да се ставаат толку пари дека Скендербег ќе прими уште еден гол со играч повеќе“, се вели во извештајот на УЕФА.

Динамо благодарение на пласманот во ЛШ заработи 15 милиони евра, а Скендербег продолжи во групната фаза на ЛЕ, каде што ги загуби сите натпревари, освен домашниот против Спортинг Лисабон, кој го добија со 3:0.


 

УЕФА сака 10 години суспензија за Скендербег за местење мечеви

Scroll to Top